На Општина Радовиш и’ се доделени средства од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој во износ од еден милион денари денари, за изработка на проект за пат што ќе ги поврзува општините Радовиш, Штип и Карбинци (од шумската куќичка во месноста „Коњарник“ до некогашното детско летувалиште на Штип). Тоа треба да биде продолжување на сегашниот патен правец Радовиш – планина Плачковица.
Договорот го потпишаа градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.