Разиграни водоскоци, светлосни ефекти и игри на вода, кои се повторуваат на секои девет минути ја красат реконструираната фонтана во паркот во Свети Николе, која е ставена во функција во вистинско време, со првиот ден на високи температури. Таа топла вечер, кога се најдовме со камерите во Свети Николе, паркот беше преполн со млади,  родители со деца, повозрасни светинколчани, но и гости на градот, кои дојдоа на Мотријадата. Фонтаната, која го нагрдувеше центарот на Свети Николе, иако изградена, речиси девет години не беше во функција.

-Ветив на нашите сограѓани дека ќе ја ставиме фонтаната во функција, која според нашите неофицијални податоци, беа вложени над 200.000 евра, сега вложивме уште три милиони денари плус за да можеме фонтаната да ја прикажеме во светло со кој сите ќе се гордеаат и јас како градоначалник.

Првите реакции се позитивни, имаме прекрасна фонтана, која сега во овие летни денови ќе ни биде вистинско освежување, вели градоначалникот Сашо Велковски.

Фонтаната беше изградена пред повеќе од осум години, но никогаш не беше ставена во функција.Беа направени дополнителни градежни работи, изолација, како и осветлување и одвод на водата што недостасуваше.

-Сите овие базени беа длабоки, крајниот базен беше со длабочина од 160 сантиметри, што не прилега на фонтана. Значи, безбедносните услови беа на минимално ниво. Прво што направивме, ги потполнивме сите овие базени, комплетно нова инсталација, со нови пумпи, со игри на вода и друго.

Навистина се гордеам ,што сега Свети Николе доби нов лик, изјави градоначалникот Велковски.