Универзално повеќенаменско возило за чистење на одроните и свлечиштата на локалните патишта, каналите, но и за одржување на улиците веќе неколку дена е во возниот парк на ЈП „Камена река“ од Македонска Каменица. Возилото исто така е применливо и за зимско одржување на улиците и патиштата, како и за чистење на речните корита и бреговите.

Ровокопачот е со со вклучени додатоци за чистење на снег и хидрауличен чекан. Возилото е набавено преку  Проектот за подобрување на општинските услуги и склучениот Договор за грант со претставници на Светска банка, ЈП „Камена Река“ од Македонска Каменица Проектот е реализиран преку остварената соработка на градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова од една и Министерството за финансии на Република Северна Македонија од друга страна.

-Како градоначалник, денес сум посебно среќна бидејќи со Проектот за подобрување на општинските услуги, преку Министерството за финансии и општината Македонска Каменица, ЈП „Камена Река“ добива универзална машина со вклучени додатоци. Земајќи го во предвид фактот дека Македонска Каменица е ридско- планинска општина, возило од ваков тип значително ќе ја олесни и подобри работата на ЈП Камена Река. Минатата година во соработка помеѓу општина Македонска Каменица и Рудник Саса, исто така за потребите на ЈП „Камена Река“ беше набавен трактор со додатна приклучна механизација, со што значително се зголеми ефикасноста во решавањето на проблемите на граѓаните. Со домаќинското спроведување на планот и програмата за работа на Јавното претпријатие докажавме дека може нормално да се функционира, но и да се инвестира во нова механизација, со цел подобрување и успешно сервисирање на услугите и обврските кон граѓаните – изјави, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова Директорот на ЈП „Камена Река“ од Македонска Каменица, Влатко Андоновски изјави дека со возило од ваков тип значително ќе ја олесни и подобри работата на ЈП Камена Река.

-Претпријатието, во досегашниот период често пати имаше потреба од терененски активности во рурални средини со цел да им ги подобри условите за живот во руралните средини од општина Македонска Каменица.

Со ова значително ќе ги намали проблемите околу навременото расчистување на патиштата кои се резултат на постојаните свлечишта и одрони карактеристични за нашето поднебје, рече Андоновски.

Општина Македонска Каменица за склучениот Договор со Меѓународната банка за обнова и развој во Скопје, со донесената одлука на Советот на општината ќе треба да издвои 1.380.000 денари, а вкупната вреност на машината ровокопач е 5.086.000 денари.