Деновиве се очекува да завршат работите на реконструкцијата на фонтаната во Свети Николе, којашто иако изградена, не функционираше близу седум години. За некој ден се очекува целосно ставање во функција.

Фонтаната, за чија изградба се потрошени над 200.000 евра, немаше одвод за отпадната вода, ниту хидроизолација. За да ја стави во функција, новата општинска власт вложи дополнителни 2,8 милиони денари. Поставен е одвод, електронска регулирање на протекот на водата, нови мермерни плочки и хидроизолација.  Изведувач на градежните работи е фирмата „Конструктор Рената“ од Скопје.

За изградбата на фонтаната и потрошените 200.000 евра за објект, кој не е функционален , локалната власт водеше и судски спор со фирмата којашто ја изгради.