Во двете општини Штип и Свети Николе се одбележува патронот Свети Никола со повеќе настани и свечености. Во Штип чествувањата започнаа од синоќа со концерт на Градскиот хор, а продолжуваат попладне во 17 часот, со вечерна богослужба во Градската црква што носи името на светецот, Свети Никола, по што ќе биде промовирана книгата за Житијата и чудата на Свети Јоаким Битолски – Шангајски чудотворец. Потоа ќе биде доделен орденот Свети Никола и признанијата што десетина години ги доделува Општината Штип.
Чествувањата продолжуваат утре, со Свечената богослужба, на која се очекува да чиноналствува Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, кој повеќе години помина во Штип, како митрополит на Брегалничката Епархија.
Предвидена е и литија на Градскиот плоштад.
Во Свети Николе по вечерната богослужба во храмот Свети Никола, во 19 часот е закажана Свечена седница на Општината Свети Николе. Утре на празникот, по литиургијата и литијата, на Градскиот плоштад ќе се пресече славскиот колач и послужен светинколскиот ручек – рибја чорба и посен грав. Предвидена е и музичка програма.