Свети Николе се подготвува да се го одбележи патрониот празник Свети Никола. Според програмата за одбележување, настаните почнуваат во вторник, со свечената седница во Големата сала на Општината и Вечерна богослужба во црквата Свети Никола.
На празникот, во среда, 19-ти декември одбележувањето почнува со литургија и свечена литија, по што ќе се сече славскиот колач. Одбележувањето завршува со музичка програма на Градскиот плоштад.