И во овој Неделен Бриф, имаме резиме на најважните настани и активности кои се случија во македонските општини изминатава седмица.

Кумановскиот градоначалник даде отчет за една година од сработеното.Во општина Македонска Каменица се заловуваа кучиња скитници. Експерти од ЕУ ја проверувата кондицијата на македонските пожарникари. Штип им беше прва станица. Во Свети Николе, во тек е реконструкција на патниот правец Пеширово – Ерџелија.Виница ќе ужива со интересни содржини и  гостувања со комедии на повеќе театри, на годинашното издание на фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“.