Вчера, Комисијата формираше две поткомисии, составени од стручни лица, од кои едната во текот на утрешниот ден, ќе продолжи да врши увид во Куклиш, а другата во останатите населени места во општина Струмица.
Инаку, до Општина Струмица пристигнаа преку 60 барања за утврдување и проценка на штета, од кои дури 45 се од граѓани на Куклиш. Откако ќе биде завршен увидот и проценките за настанатата штета, истите ќе бидат доставени до Републичката комисија за процена на штети, а потоа и до Владата на Република Македонија, која ќе донесе конечна одлука, дали и колку проценти ќе изнесува евентуалното обештетување.