Неделава, општина Карбинци започна со расчистување на полските, црни патишта оштетени од последните неповолни временски услови. Станува збор за околу 20 километри. Дел од овие патишта се тампонирани, дел мора да се побиваат, бидејќи се премногу оштетени.
Од Локалната самоуправа информираат дека завршил тендерот распишан од потребата за асфалтирање на пат и улица во оваа општина. Како што информираат од тука, ќе се асфалтира патот до селото Јунузлија и во план е да се асфалтира улица во селото Парналија.
Средствата за оваа активност се обезбедени од Бирото за регионален развој.