Почеток на рехабилитација на улицата „Крушевска Република“
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска ќе изврши увид во почетокот на рехабилитацијат ана улицата „Крушевска Република“ во населба Баби, кај Пензионерскиот Клуб, со почеток во 10:00 часот.

Комисија за социјални работи и здравство
Денеска ќе се одржи седмата седница на Комисија за социјални работи и здравство во сала 2 со почеток во 12:00 часот.

Комисија за спорт
Денеска ќе се одржи деветтата седница на Комисија за спорт во сала 2 со почеток во 09:00 часот.

Дневни активности на јавни претпријатија
ЈП „Стипион 2011“ денеска ќе ги извршува следните активности:
-Реконструкција на мал плоштад (Пензионерски дом)
-Реконструкција на тротоар на ул. „Тодор Коларов“
-Обележување хоризонтална патна сигнализација во град Штип
-Замена на улични светилки во град Штип

 ЈП „Исар“  ќе ги извршува следниве работни задачи:

  • РЕ Водовод и Канализација:
  • Санирање на дефект на водоводна линија кај улиците „Христо Ботев“, „Ѓошо Сламката“ и „Кежовица“
  • Санирање површини после дефекти на улиците „Кирил Пејчиновиќ“, „Ѓошо Сламката“ и редење бехатон на улиците „Сутјеска“
  • Канализација на разни локации во градот
  • РЕ Паркови и зеленило:
  • Косење трева, сечење гранки и уредување на паркова површина во СОУ „Јане Сандански“
  • Косење околу ОУ во село Чардаклија
  • Косење трева околу пешачка патека од населба Осми Ноември кон населба Балканска
  • Плевење трева на кружен тек Дујле
  • Косење трева во паркови површини во централно градско подрачје
  • Тековно одржување на паркови површини

Собирање на шут на повеќе локации