Во Македонија има 817 активни гнезда на штркови во кои живеат вкупно 3.661 штрк. Во Кочанското поле се најгусто населени и тоа со повеќе од 2 штрка на квадратен километар, потсетува денеска на својот официјален Фејсбук профил Швајцарската амбасада во Македонија.
Од нив во општина Чешиново Облешево се пребројани над 70 активни гнезда на штркови, каде што е регистрирано и најголемото гнездо со пречник од 3,2 метри, кое се наоѓа во с.Чешиново.