Гостување во ТВ „Ирис“
На 28.07.2018 г., сабота градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски беше гостин во регионалната телевизија „Ирис“ со почеток од 17:00 часот.

 

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на мал плоштад кај пензионерски дом
– Реконструкција на игралиште во населба Блок 70
– Замена на улични светилки во градот

ЈП „Исар“ ќе работи на:
– Санирање на дефект на водоводна линија на улиците: „Пролетерска“ и „Ленинова“
– Ископ за изведба на нова водоводна линија во населба Сењак
– Санирање на дефекти на улица „Плачковички одред“ и во центарот на градот кај Стопанска банка.
РЕ Паркови и зеленило ќе работи на косење на зелени површини на улиците: „Борис Крајгер“, „Сремски Фронт“, булевар „Партизанска“, булевар „Гоце Делчев“ и околу црквата во село Долани.