Посета од страна на АРМ од страна на генерал на ЗОК
Денеска, 21.06.2018 година (четврток) врз основа на Годишниот календар за обука за 2018 и посета на град Штип со почеток во 08:30 часот командант на ЗОК (Здружена Оперативна Команда) бригаден генерал Павле Арсоски и началниците на секции ќе бидат во посета на локалната самоуправа.
Од 08:30 до 09:00 часот ќе се одржи средба со градоначалникот г-дин Благој Бочварски и посета на локалната самоуправа на град Штип и запознавање со кратка презентација на градот од страна на претставник на локалната самоуправа. Средбата ќе се одржи во голема сала на Совет на Општина Штип.
Доделување решенија за утврден правен статус на бесправни објекти
Денеска во посета на Општина Штип е министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски. Министерот Сугаревски и градоначалникот Бочварски ќе доделат решенија за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во голема сала на Совет на Општина Штип со почеток во 12:00 часот.