Увид во асфалтирање на делница Шашаварлија – Кошево
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе изврши увид во асфалтирањето на делницата Шашаварлија – Кошево со почеток во 11:00 часот.

 

Со минимум до максимум
„Со минимум до максимум“ е настан во организација на Совет на млади на Општина Штип и соработничката на Совет на млади – Милена Глигорова.
Една поинаква, некласична работилница за финансиски менаџмент наменета за млади. Комбинација на предавања, вклучување на публиката во вежби и активности и излагања на интересни теми на гостите:
– Кал Ман (американски волонтер на Peace Corps во Македонија, со работно искуство во Apple и сопствена маркетинг-компанија која соработувала со големите брендови како Coca-Cola, Lays и други )-на тема „Компаундинг“ (прилагодено за млади)
– Адил Мехмед (студент по бизнис и економија на Универзитетот во Манчестер, Англија) – „Ценовна дискриминација“
– Даниел Веселинов (тинејџер со хоби програмирање) -претставување на програмата “Expense tracker” за подобро следење на трошоците.
Настанот ќе се одржи денеска, 05.06.2018 г., во Дом на млади со почеток во 16:00 часот.

Резиме на сработеното во ООУ „Димитар Влахов“ Штип
Денеска секретарот на ООУ „Димитар Влахов“ Штип, Весна Трајковска, пред медиумите ќе го презентира сработеното во училиштето во изминатата учебна година. Сработеното ќе биде презентирано пред училиштето со почеток во 10:00 часот.

 

 

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар на Булевар „ЈНА“
– Обележување хоризонтална сигнализација
– Замена на улични светилки во градот
– Крпење ударни дупки
– Поставување ограда околу прифатилиште за бездомни животни

РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности:

– Санирање два дефекти на водоводна линија на ул. „Крушевска Република“
– Откривање кабел во населба Баби 6
– Реконструкција на водоводна линија на ул. „Борис Кидриќ“
– Изведба на нова водоводна линија за водоснабдување на населбите Македонка, Балканска и Чардаклија
– Санирање горна плоча на шахта на ул. „Богомилска“ и ул. „Пиринска“
– Поставување канализациона линија во населба Суитлак
– Канализација – разни локации во градот

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:

– Косење трева околу пешачка патека
– Косење трева во парк К`ртеке
– Окопување жардиниери во парк К`ртеке
– Косење трева околу детско игралиште на ул. „Четврти јули“
– Косење трева покрај дрворед Сењак 4 – Баби 5 и населбите Дузлак – Баби
– Косење трева покрај времени објекти во населба Автокоманда (Печурки)