Средба со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, по повод обезбедување амбулантни возила
Денеска, 31.05.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, Кеико Ханеда, а по повод промоција на проектот „Подобрување на здравствената средина на Клиничка болница Штип преку обезбедување амбулантни возила“. На средбата ќе присуствува и заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлевски. Средбата со амбасадорката Ханеда ќе се одржи во кабинетот на градоначалникот со почеток во 10:15 часот, а на неа новинарите ќе имаат можност за фото и видео инсерти.
По завршувањето на средбата, во 11:00 часот, проектот „Подобрување на здравствената средина на Клиничка болница Штип преку обезбедување амбулантни возила“ ќе биде промовиран во Клиничка болница Штип.
Таму изјава за медиумите ќе дадат амбасадорката Ханеда, градоначалникот Бочварски, директорот на Клиничка болница Штип, Ален Георгијев, како и проект координаторот од Центар за источен плански регион, Александар Николов.
Седница на Совет на Општина Штип
Вчера, 30.05.2018 г., се одржа осмата седница на Совет на Општина Штип со почеток во 10:00 часот во голема сала на Совет на Општина Штип.
Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
- Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“ и изградба на атмосферска канализација
- Замена на улични светилки во централното градско подрачје
- Обележување хоризонтална патна сигнализација во централното градско подрачје
РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности
- Ул Асном санирање на дефект на водоводна линија
- Ул Богомилска изработка на шахта за фекална канализација
- На ул Борис Кидрич реконструкција на водоводна линија
- Изведба на нова водоводна линија за водоснабдување на нас. Македонка, Балкансака и Чардаклија
- Санирање на површини на улиците Борис Крајгер и Сремски Фронт
- нас Суитлак приклучок на фекална канализација втора смена
- Канализација – разни локации во градот
РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:
– Kосење околу ул Енгелсова
– Косење покрај ул Сутјеска
– Косење покрај бул Гоце Делчев до Железничка
– Косење околу детско игралиште во Сењак 4
– Косење покрај Бул Партизанска и Градски стадион
– Садење цветен насад на кружен тек кај Лук Оил