Изложба „Современата уметност од светлината на музејското депо“
По повод Денот на музеите, 18 мај, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип ја отвораат изложбата „Современата уметност од светлината на музејското депо“, на којашто ќе бидат изложени досега неизложувани дела од збирката „Македонска современа уметност“. Изложбата ќќе биде поставена во уметничка галерија „Безистен“ со почеток во 13:00 часот. На отворањето на изложбата ќе присуствува и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Активности по повод денот на пожарникарството
Денеска учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ од Општина Карбинци ќе ја посетат Територијалната противпожарна единица во Штип по повод денот на пожарникарството. Пред учениците ќе биде претставена професионалната противпожарна единица со нејзината целокупна опрема. И денешната активност е дел од деновите на пожарникарството кои ТППЕ Штип ги одбележува преку петнаесетдневни активности, а со цел да се влијае врз издигнувањето на свеста од потребата за заедничка грижа и заштита од пожари.

Јавен настан „Слобода на интернет“
Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис вчера организираше јавен настан за размена на знаења и искуства „Слобода на интернет“. Настанот беше посветен на претставување на прелиминарните извештаи од проектот „Слобода на интернет“ поврзани со заштита на човековите права, како и претставување на резултатите од мерењата за отвореноста на институциите од проектот „Мрежа за отчетност, технологија и институционална отвореност во ЈИЕ“.

Младинска конференција
Вчера во Штип, во рамки на локалната иницијатива дел од грантот „Активни граѓани за добро владеење“, кој го спроведува Форум ЦСИД, финансиран од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, се одржа младинска конференција за механизми за младинско учество во донесување одлуки и креирање политики на локално ниво.
Седница на Комисија за спорт
Денеска, 17.05.2018 г., ќе се одржи шеста седница на Комисија за спорт при Совет на Општина Штип со почеток во 10:00 часот во сала 2 на Совет на Општина Штип.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“ и изградба на атмосферска канализација
– Обележување хоризонтална патна сигнализација во централното подрачје

Работната единица Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе работи на санирање на дефект на водоводна линија на улица „Михајло Пупин“, во населба Три Чешми, приклучок на фекална канализација во населба Суитлак, подготовка за бетонирање на улица „19 бригада“.
РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги коси зелените површини околу градски гробишта, покрај улица „Васил Доганџиски“, покрај пешачка патека од населба Брегалничка до населба Железничка, помеѓу Здравствен Дом, околу седумте кули на улица „Генерал Михајло Апостолски“, како и садење цветен насад на кружен тек кај бензинска пумпа „Лук Оил“.