Започна пријавувањето на верниците кои на Богојавление ќе влезат во ледените води на Брегалница во обид да го фатат Светиот крст. Пријавувањето се врши во храмовите „Свети Никола“ и „Успение на пресвета Богородица“. Условите за учество се исти како и претходните години – кандидатите мора да бидат крстени, постари од 16 години и здравствено способни. Малолетните лица задолжително треба да бидат во придружба на родител или старател. Свештениците апелираат да не се консумира алкохол и да не се ризикува здравјето.

,,Во тек е процедурата за пријавување за Богојавление, веќе можат нашите верници да се пријавуваат во црквите во Свети Никола и во Света Богородица. Условите се како и порано треба да бидат крстени, да бидат поголеми од 16 години и телесно здрави. Оние што се малолетни ќе мора да дојдат во присуство на родител или старател. Препорачувам на сите оние кои што ќе се пријават и што нема да го поминат прегледот здравствен да не ризикуваат за своето здравје и да не влегуваат во водите на реката Брегалница. Со тоа што докторите нам ќе ни дадат список кој кандидати се здравствено не подготвени за овој чин. Препорачувам да не конзумираат алкохол пред влегувањето во реката, да бидат телесно пдоготвени и со тоа што во 8 часот и 30 минти кога ќе почне богослужбата во понеделник тие да дојдат овде, каде што ќе им бидат доделени и мајци, a потоа сите заедно ќе се упатиме литиски со песна и радост кон реката Брегалница.“, рече Јанев

Протојерејто Јанев потенцираше дека само минатата година имало околу 105 кандидати, годинава се очекува и поголем број

,,До сега се уште нема пријавени, бидејќи списокот е ставен од изутрина, так ада очекуваме да се пријават. Ланската година според нашата евиденција имало околу 105 кандидати. Бројките се релативна работа, но кој што се чувстува подготвен, да повели. Тоа не треба да бидат само за да собира пари по градот, туку да му биде подвиг за да го извади крстот.“, додава Јанев

Чинот на фрлање на Светиот крст ќе се одржи на 19 јануари, во понеделник, во водите на реката Брегалница. Претходно, со почеток од 8 часот и 30 минути, ќе се служи света богослужба. На Богојавлението ќе чиноначалствува митрополитот брегалнички г. Иларион, по што верниците со литиско одење ќе се упатат кон реката.