По повод освоеното прво место на меѓународниот кошаркарски турнир во Нова Горица, Словенија, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денес оствари прием на кошаркарките на ЖКК „Тим Арена”. На средбата градоначалникот ја изрази својата поддршка и истакна дека овој успех е силна потврда дека трудот, дисциплината и посветената работа секогаш носат резултати.

Тој нагласи дека кошаркарките на „Тим Арена” претставуваат позитивен пример за вистинските спортски вредности и дека Штип со гордост го прославува нивниот значаен меѓународен триумф. Општина Штип ќе продолжи континуирано да ги поддржува младите спортски таленти. Во периодот што следува, преку јавните повици што ќе бидат објавени, општината ќе продолжи да ги стимулира најуспешните спортисти со цел да се мотивираат и вреднуваат и оние кои, како кошаркарките на „Тим Арена”, посветено го градат својот спортски развој.

Општина Штип им упатува искрени честитки на кошаркарките и стручниот тим на ЖКК „Тим Арена” за освоеното прво место и им посакува уште многу успеси и продолжување на нивната инспиративна спортска приказна.