Општина Штип го започна процесот за избор на Спортист на годината за 2025 година. Спортските клубови имаат можност да ги номинираат своите најдобри спортисти кои постигнале значајни резултати во текот на годината.Пријавите за учество во изборот се доставуваат во период од 11.12.2025 година (четврток) до 25.12.2025 година (четврток).
Спортските клубови ја поднесуваат пријавата која ги содржи следните информации:
• Спортски клуб и Претседател на клубот.
• Презиме и име на предложениот спортист.
• Датум и место на раѓање.
• Спортска дисциплина.
• Категорија (сениорска, младинска, кадетска, пионерска).
При рангирањето, во предвид се земаат најдобрите резултати постигнати во 2025 година, исклучиво доколку се постигнати како член на клубот од Штип.
Клубовите ги доставуваат пласманите на спортистот на следните официјални натпревари:• Олимписки игри, Светско, Европско, и Балканско првенство.• Медитерански игри, Универзијада.• Државно првенство и Куп на Р. Македонија.• Меѓународни турнири во земјата и странство.• Информација дали спортистот бил член на репрезентацијата на Македонија за 2025 година.
Важно: Резултатите на предложените спортисти мора да бидат заверени од соодветните Федерации како доказ за веродостојност.
Во случај на идентични резултати, предност ќе има спортистот кој:• Доаѓа од помасовната спортска дисциплина во Македонија.• Покажува примарна спортска култура како граѓанин.• Во континуитет покажува подобри резултати.• Има постигнато подобар втор резултат по вредност.
За спортистите од колективните спортови, како Државен првак се рангираат спортистите со статус на член на репрезентацијата на Македонија.
Овој настан ја истакнува и наградува спортската извонредност во Општина Штип и е одлична можност за афирмација на локалните спортски таленти.




