Во Основното училиште „Тошо Арсов“ во Штип вчера се одржа ученички маскенбал инспириран од мотото „Живееме на страниците на книгите“. Со овој настан, кој беше дел од активностите за одбележување на Месецот на книгата, училиштето успеа да собере голем број родители, наставници и ученици.
Дефилето донесе најразлични книжевни ликови – од приказни и басни, до романи и задолжителни лектири. Учесниците се претставија со костими што покажаа многу имагинација и труд, а дел од највпечатливите маски добија и посебни признанија.
Според организаторите, целта на овој маскенбал била успешно остварена: кај децата да се зајакне интересот за литература, да се поттикне фантазијата и да се охрабри нивниот креативен израз. Настанот мина во позитивна и веселa атмосфера, а меѓусебната поддршка на учениците, наставниците и родителите уште еднаш го покажa препознатливиот дух на училиштето.




