Со градежна механизација се уриваат старите објекти кај хотелот Гарни и во старото Нервно одделение, каде што до вчера живееја ромски семејства. Четирисет и едно семејство од социјален ризик од овие објекти добија свои домови во новите типски куќи во населбата Мирјанина црква. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека на овие две локации веќе се чисти просторот. Во централното градско подрачје клај хотелот Гарни по уривањето на објектите, просторот ќе се уреди во паркинг простор.




