Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, оствари работна средба со делегација од Општина Жалец, Република Словенија, предводена од Градоначалникот Јанко Кос и Директорот на развојната агенција „Савиња”, Стојан Прапротник. На средбата присуствуваше и Трајче Здравков, Директор на Центарот за развој на Источен плански регион.

На состанокот се разменија позитивни искуства од спроведувањето на развојни програми во двете држави, како и идеи и иницијативи за продлабочување на идната соработка помеѓу општините Штип и Жалец. Ваквите средби претставуваат значаен чекор кон унапредување на билатералните односи и отворање нови можности за економски развој, преку кои директни бенефити ќе имаат граѓаните на Општина Штип.

„Општина Штип останува отворена за градење партнерства и размена на добри практики со европски општини, со цел создавање подобра иднина за сите“, велат од општина Штип.