Започнува реконструкцијата на улицата „Загребачка“ во Штип. Реконструкцијата е предвидена да се одвива во две фази: Во првата фаза од проектот, која опфаќа површина од 484 квадратни метри, се издвоени 400.000 денари. Втората фаза, која ќе опфати дополнителни 550 квадратни метри, е проценета на 572.000 денари. Градежните работи ќе се одвиваат етапно, со цел да се минимизираат пречките за сообраќајот. Реконструкцијата е финансирана од буџетот на општина Штип.