Завршува реконструкцијата на улицата „Цвета Јованова“ во штипската населба Автокоманда. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека се поставува првиот асфалтен слој, а претходно на неа се работеше на реконструкција на подземна инфраструктура. Инаку ова е последна улица којашто се реконструира во оваа населба, претходно во оваа населба беа инвестирани средства за реконструкција и уредување на останатите улици.

-Општина Штип инвестира повеќе од шест и пол милиони денари за два асфалтни слоеви и третирање на тротоарските површини и поставување на павер елементи. Со ова населба Автокоманда е целосно уредена, вели Јорданов.

Сите улици во оваа населба кои претходно беа со коцка, денеска се реконструирани, асфалтирани со променета подземна инфраструктура.

-Останати се уште неколку делови од населбата Автокоманда, како дел од улицата „Широк дол“. Тие ќе бидат завршени наредниот период и со тоа целата населба е комплетно реконструирана, изјави Јорданов.

Градежни активности има  на повеќе локации во Штип, како на реконструкција на улици, така и на уредување на тротоарски површини, паркинг места, спортски игралишта.