Пожарникарите и лицата се попреченост бесплатно ќе се возат во автобусите на „Струмица превоз“

Со одлука на Советот на Општина Струмица лицата со попреченост и вработените во ТППЕ Струмица се ослободуваат од плаќање на јавен превоз.

-Од денес сите наши херои, пожарникари спасители и нивните семејства се ослободени од плаќање за јавен превоз во Струмица.Кај мене зборот е збор! Благодарам за се што правите за Струмица, напиша градоначалникот Костадин Костадинов.

Струмичките пожарникари во изминатиот период започнаа редовни вежби за евакуација по училиштата, а како што е најавено, овие вежби станаа редовна активност во календарите на училиштата.

Струмичани пред неполн месец се соочија со големиот пожар, кој дојде до првите куќи и со големи напори на пожарникарите, спасителите и другите служби, беше спречено негово проширување.