Почитувани,
Ве информираме дека на ден 15.04.2025 година (вторник), на територијата на Општина Штип ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција за уништување на комарците.
Третирањето ќе се одвива во периодот од 09:30 до 13:30 часот, и ќе ги опфати застојните води во урбаните населби и локалитети низ општината.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот следен поволен ден. За дополнителни информации, Ве молиме обратете се на контакт телефонот на Општина Штип: 032/22 66 22
Со почит,
Општина Штип