Пристапните улици до влезовите на три станбени згради во населбата Автокоманда, по неколку дневна подготовка денес добија асфалт по долгогодишно барање на тамошните жители.

Како што истакна градоначалникот Иван Јорданов, од кога се направени овие станбени згради не се санирани оштетувањата на овие пристапни улици.

  • Овие згради се направени во седумдесетите години, од тогаш па до денес пристапните улици се оштетени, коловозите беа оштетени и согласно барањата и потребите на граѓаните денес конечно се уредуваат, рече Јорданов.

Тој изрази надеж дека многу наскоро ќе се уреди и просторот оставен за зеленило околу станбените згради и населбата ќе добие еден сосема поинаков лик.

  • Се надевам дека со јавното комунално претпријатие во наредниот период ќе биде уреден просторот за зеленило околу зградите, ќе бидат поставени клупи и урбана опрема за населбата да добие еден помодерен и посоодветен изглед, нагласи првиот човек на градот.

Во наредниот период реконструкција на уште неколку улици во населбата Автокоманда најави градоначалникот Јорданов.

  • Главен приоритет е улицата Широк дол каде треба да се заврши промена на водоводната и канализациона линија, а потоа и асфалтирање, како и улиците Цвета Јованова и улицата 4 Јули која има потреба од промена на подземната инфраструктура, нагласи градоначалникот.

Асфалтирањето на трите пристапни улици, општината ја чини еден милион денари , средства планирани со програмата за уредување на градежно земјиште.