Европската комисија објави повик за доделување награда во област на образованието, кој е фокусиран на инклузијата на Ромите во образовниот систем. Овој повик е отворен за физички лица, приватни универзитети, како и за Универзитетот Гоце Делчев од Штип. Целта е да се поддржат проекти и иницијативи кои ќе помогнат во создавањето на еднакви можности за Ромите во образованието и ќе ја подобрат нивната инклузија во образовните институции.
- Повикот ќе трае до 28 февруари, апликациите се доставуваат електронски. Она што е важно за самата апликација бидејќи ова е шеста година, оваа година е област образование. Има широк спектар каде можат да аплицираат и физички лица. Ќе бидат доделени две награди. Првата награда е во висина од осум илјади евра, додека втората награда изнесува пет илјади евра. Ќе има вкупно 14 преставници од секоја земја по двајца, кои ќе бидат поканети на студиска посета во Брисел каде ќе има свечено доделување на таквите награди. Со тоа ќе може да се придонесе за инклузијата на Ромите во образованието во сите земји, вели Ерол Адемов од општина Штип.
Инклузијата на Ромите во образованието е многу важна и тема на која се посветува многу внимание. Главната цел е да им се помогне на Ромите да го подобрат нивото на образованието, што ќе им овозможи да бидат конкурентни на пазарот на трудот. Со повисоко ниво на образование, тие ќе имаат поголеми шанси за вработување и ќе можат полесно да се интегрираат во општеството.
За да се постигне ова, важно е да се отстранат препреките кои ги спречуваат Ромите да имаат пристап до образование, како што се сиромаштијата, недоволниот пристап до ресурси или дискриминацијата.