(Видео) Струмица заблеска со новите канделабри

Нови канделабри се поставени со Струмичката чаршија, со што централното градско подрачје сега е обновено и збогатено со ново осветлување.  

„Ова е само уште еден чекор напред во уредувањето на нашиот град, кој секојдневно станува посовремен и попривлечен за сите нас и за сите кои ја посетуваат. Струмица е град кој никогаш не престанува да расте и блеска!, соопшти градоначалникот Костадин Костадинов.