Струмица во 2025 година влегува со буџет од 1,5 милијарди денари

Буџет за напредок и развој – вака градоначалникот Костадин Костадинов го опиша општинскиот буџет за 2025 година, кој беше усвоен на 46-та седница од страна на Советот на општината Струмица.

Буџетот за 2025 година е во висина од 1.522.390.450 денари. Предвидена е реализација на бројни капитални проекти и инвестиции во инфраструктурата, образованието, здравството и други области од значење за нашите граѓани.

-Годината што помина беше исклучително успешна, а 2025 година се очекува да биде уште поуспешна, со нови можности и иницијативи што ќе ја подобрат квалитетата на животот во општина Струмица. Нашиот заеднички успех продолжува, а со овој Буџет ќе се зајакне развојот на сите сегменти од животот во градот. Струмица е град на прогрес и инвестиции, и заедно ќе продолжиме да го градиме, соопшти Општината.