Преку апликација струмичани полесно ќе доаѓаат до информации за јавниот превоз

По ставањето во функција на електричните автобуси, прег граѓаните на Струмица е апликацијата #CxOmniBus која е достапна за симнување на сите мобилни уреди е идеална за сите што користат јавен превоз.

Во најавата за апликацијата од Општината Струмица истакнуваат дека таа нуди лесен начин за планирање на патувања со автобус низ градот и околните населени места.

„Со #CxOmniBus можете да ги видите точното време на пристигнување на автобусите, да добиете упатства за линиите.. Без разлика дали сте редовен патник или понекогаш користите автобус, #CxOmniBus ќе ви го олесни секојдневието“, додаваат од Општината.

Десет електрични автобуси сообраќаат на седум линии, од кои секојдневно функционираат шест лини, додека седмата линија е само во недела.

Линиите по кои се одвива јавниот превоз во Струмица и населените места: Велуса – Водоча – Баница – Струмица – Градско Балдовци; Струмица – Просениково – Добрејци; Струмица – Дабиле – Муртино –  Банско и една со Сачево; Струмица – Куклиш – Свидовица –Банско; Кружна градска линија; Струмица – Раборци – Костурино.

Според директорот на ЈСП Струмица – Транспорт Драги Поп Стојанов на граѓаните на располагање им е QR-код, преку кој, преку негово скенирање ќе можат да ги видат линиите, возниот ред, како и  местата на застанување на автобусите.