Штипската приградска населба Стар Караорман од денес и официјално ја стави во употреба новата реконструирана спортска сала во населбата. Како што на денешната средба со новинарите рече градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, салата ќе ја користат учениците од подрачното училиште, најмладите генерации, како и жителите од населбата.

Тој истакна дека овој објект бил запоставен, но, општината успеа да го реконструира и стави во функција. Реконструкцијата на салата е финансиран од општествено одговорни компании, со цел младите да добијат соодветни услови.

  • Верувам дека објектот кој што беше запоставен, руиниран, успеавме да го ставиме во функција во насока на спортување, рекреација на најмладите од оваа населба во еден вид на спортска сала, која што ќе овозможи не само учениците, туку и жителите во месеците кога е врнежливо и има пониски температури да спортуваат и рекреираат. Заедно со советниците сме овде за да официјално ја ставиме во употреба, рече Јорданов.

Посочи дека во следниот период ќе се продолжи со проекти во сите населби, каде што има потреба од вакви содржини за правилен раст и развој на најмладите.