Денес во работна посета на Општина Штип беше амбасадорот на Република Црна Гора во Македонија, Н.Е. г-дин Зоран Миланиќ, информираат од кабинетот на градоначалникот на општината Иван Јорданов.

Во соопштението се наведува дека градоначалникот Јорданов и амбасадорот Миланиќ разговарале за зајакнување на економската соработка на Општина Штип со Република Црна Гора како и за можноста за збратимување на општината со град од Црна Гора.

  • Градоначалникот Јорданов и амбасадорот Миланиќ, исто така имаа средба и со бизнис секторот каде се разменија искуства со стопанствениците кои соработуваат со фирми од Црна Гора.
    На средбата се покрена и иницијативата за продлабочување на соработката на бизнис секторот помеѓу двете држави и организирање на бизнис форум за интензивирање на таа соработка, стои во соопштението.