Дваесетина нови паркинг места во централното градско подрачје, најави денес градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Тој на средбата со новинарите истакна дека се уредува просторот во дворот на Стариот здравен дом, што ќе овозможи отварање на нови паркинг позиции за потребите на граѓаните.

  • Започнати се активности за уредување на платото пред зградата на Стариот здравен дом и се надевам дека овде ќе се обезбедат повеќе од дваесетина паркинг позиции кои ЈП Стипион ќе ги стави во програмата за наплата на јавни паркинг површини. Сите оние кои го користат централното градско подрачје да имаат повеќе паркинг простор кој од ден на ден е се поголема потреба, вели Јорданов.

Како што истакна Јорданов, во насока на решавање на проблемот со недостаток на паркинг позиции во центарот на градот, како локална самоуправа размислуваат да проектираат неколку решенија за дополнителни паркинзи на две или на три нивоа во наредниот период.

Уредувањето на новите паркинг позиции зад гимназијата “Славчо Стојменски” ќе ја чини општината околу 700 илјади денари од општинскиот Буџет.