Започна летното сметање на времето за наплата на паркинг во Општина Штип

Од понеделник (27.03.2023) започна летното сметање на времето за наплата на паркинг во Општина Штип.

ЈП „Стипион“ информира дека наплатата за користење на јавниот простор за паркирање ќе се врши од 07:00 до 21:00 часот од понеделник до петок.
Во сабота, пак, периодот во кој се наплаќа за паркирање останува ист, од 07:00 до 15:00 часот.