Продолжуваат активностите од втората фаза на проектот „Струмица – Смарт вело сити“, која опфаќа проширување на велосипедската инфраструктура за дополнителни 5,4 километри.
Градежните работи ќе се одвиваат на три делници:- Велосипедска патека на дел од улиците Цветан Димов, Ѓуро Салај и низ Градскиот парк.- Велосипедска патека на Булеварот Климент Охридски (од Макпетрол до Жито Струмица).- Велосипедска патека на Булеварот Гоце Делчев (од Македонска Пошта до крстосницата со Булевар Климент Охридски).
-Работите на првата делница се одвиваат според планот. Изработивме 3Д анимација за да ви прикажеме како ќе изгледа оваа патека која ќе го поврзе новиот дел од населба Карпош со велосипедската инфраструктура, овозможувајќи лесен и безбеден пристап со велосипед до Памп патеката и до сите спортски објекти во Градскиот парк. На барање на граѓаните, ја продолжуваме и велосипедската патека во Градскиот парк, со цел истата да добие кружна форма. Оваа делница ќе биде одлично место за децата и младите да научат и да ги усовршат своите вештини за возење велосипед, како и за сите граѓани кои бараат пријатно место за возење, соопшти градоначалникот Костадин Костадинов.
Покрај велоиспедските патеки предвидена е и изградба на вело урбана опрема како паркинзи и дополнителни стојалишта за мали сервиси на велосипедите. Струмичани веќе можат да возат по до сега изградените 11 километри велосипедски патеки, во рамките на проектот финаисиран од Европската унија.