Изјава за медиуми за акцијата „Пролетно чистење и уредување“
Денеска, 12.04.2018 г., во 11:45 часот, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ќе даде изјава за медиуми во населба Сењак кај клон „Сончогле“ при детската градинка „Астибо“  во врска со акцијата „Пролетно чистење и уредување“.

Потпишување Меморандум за соработка со Центарот за едукација и менаџмент во спортот
Денеска, 12.03.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ќе потпише меморандум за соработка со здружението на граѓани Центар за едукација и менаџмент во спортот од Скопје.

Со овој Меморандум се продлабочува соработката помеѓу Општината и ова здружение се со цел подобрување на квалитетите на младите спортисти.