На 20 и 21 септември  Штип ќе биде домаќин на 16. издание на манифестацијата „Пастрамалијада“. На денешнта прес-конференција Александар Арсовски како организатор од Општина Штип и познатиот водител Миро Кацаров истакнаа дека новата локација за оваа манифестација е  улицата „Ванчо Прќе“, а со голем број гости и изведувачи, пастрмајлии и добри вибрации се очекува масовна посетеност и одлична забава.

Како што најавија, и годинава ќе се одржи традиционалното сечење на џиновската пастрамајлија, како и натпревар во брзо јадење.

  • Имаме одлични изведувачи, пред се македонски изведувачи. Имаме и нова локација, ова е трета локација по ред на улицата „Ванчо Прќе“. Мислам дека ќе биде најдобро оваа година, оти ќе биде во центарот, ќе биде масовно и ќе има мнолгу вибрации, вели Кацаров.

Македонски и странски ѕвезди и годинава ќе бидат дел од пастрмалијадата, со што ќе се понуди забава за сите генерации од седум до 77 години.

  • Петок настапуваат Антонија Гиговска, Дани Димитровска која се прослави на „Макфест“, ФИС бенд и ѕвезди на вечерта се Лексингтон бенд. Саботата се Дупер бенд, Жаре бербер, Јордан Митев и Петар Грашо,  додава Кацаров.

Годинава за првпат ќе има и денски забави на едносмерната улица, традиционално околу 30 тезги кои ќе нудат пастрмајлии и пијалоци. На почетокот на септември на редовниот состанок ќе се одреди цената и стандардот на пастрамајлиите.

Инаку, до 15 септември улицата „Ванчо Прќе“ треба целосно да биде завршена и да почне да функцира како шеталиште.