Изминатиот период, Струмица ја посетија дипломатски претставници, кои во посета на општината се интересираа за животот на граѓаните, соработката и можноста за нејзино унапредување.
„Долгогодишните и искрени пријатели на Струмица се секогаш добредојдени во мојот работен кабинет“, напиша градоначалникот Костадин Костадинов по посетата на Дејвид Мејерс, шеф на одделот за политички и економски работи во Амбасадата на САД во Македонија.
„Со пријателите од Амбасадата на САД секогаш имаме многу заеднички теми за разговор, а денеска акцентот го ставивме на актуелните случувања во државата и зајакнувањето на добрите односи и соработката меѓу Амбасадата и општина Струмица. Вистинските пријателства се големо богатство и треба да се почитуваат и негуваат“, додаде Костадиновски.
Во посета на општината Струмица дојде и конзулот на Република Чешка Давид Чернохорски , во придружба на Владимир Вања – агро-економски дипломат во Амбасадата на Чешка во Белград, задолжен за дел од земјите од Западен Балкан.
За костадинов, оваа средба била во функција на размена на мислења од различни области, особено од областа на земјоделството, за кое гостите пројавиле голем интерес.
„Уверен сум дека, после заклучоците од денешната средба, нашата општина ќе има бенефити за својот натамошен развој, надевајќи се дека односите меѓу Општина Струмица и Амбасадата на Република Чешка ќе бидат се повеќе негувани и унапредувани“, соопшти Костадинов.