Богатите активности на Младинскиот центар претставени на евроамбасадорот Гир при неговата посета на Струмица

Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов повотрно беа домаќини на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир во рамките на неговата прва посета во новата година.

На средбата во градоначалничкиот кабинет разговараа за годината којашто помина, за проектите коишто се реализирани и започнати, за соработката со европските фондови, но и за новите предизвици во годината којашто започна, како на локално така и на државно ниво.

Градоначалникот му се заблагодараи на евроамбасадорот Гир за почитта и поддршката којашто ја добива од него и го потврди ставот дека европската иднина е перспективата за општината и државата.

„Разговаравме за годината којашто помина, за проектите коишто ги реализиравме и започнавме, како и за новите предизвици во новата година, како на локално така и на државно ниво. Нашиот пат е јасен, европската иднина ја посакувам и јас и моите сограѓани, затоа што само таа носи прогрес за сите нас.Како и секогаш, така и денеска ја добив и почитта и поддршката од г. Гир за големиот мотив и труд во создавањето на новата верзија на нашата Струмица“, стои во објавата на градоначалникот Костадинов.

Гир и Костадинов прошетаа во Младинскиот центар во општинската зграда, кој со употребата стана мултифункционален простор за средби на младите, состаноци, средби, предавања, со што си ја оправда и потврди својата намена.