Започна асфалтирањето на пристапните улици во село Чардаклија во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека за овој проект инвестирани се повеќе од два милиони денари.
- Очекувам ова лето да бидат опфатени десетина улици, кои што ќе бидат асфалтирани, а кои што претходно се нотирани како потреба на граѓаните и врз основа на тоа секоја година, да ја зголемуваме инфрастуктурата на општина Штип, изјави Јорданов.
Тој најави дека утре ќе се асфалтираат улици и во населбите Караорман, Балканска и селото Долани, кое што е опфатено со проектот „Штип без кал“.