Продолжува поддршката за младите и нивните бзнис идеи од страна на Општината Струмица со објавениот јавен повик. Повикот е двостран и се однесува на млади невработени лица од Општина Струмица во процесот на зајакнување на нивните капацитети со единствена цел започнување на свои сопствени бизниси во 2024/25 година во рамките на спроведувањето на процесот. Вториот сегмент се однесува на прибирање на пријави од Граѓански организации или приватни компании од областа на предприемништвото, водењето бизнис, старт апи и бизнис менторство, со доволно капацитет, искуство и расположива експертиза, заради спроведување на процес за градење на капцитети на млади невработени лица од Општина Струмица. За оваа намена се планираат половина милион денари.
Средствата се планирани во општинскиот буџет за исполнување на дел од Стратегијата за ЛЕР на Општина Струмица 2022-2026.
„Ги повикувам и охрабрувам младите да се пријават на Јавниот повик и да ја искористат финансиската поддршка од 500.000 денари. Повикот е отворен 15 дена, а објавен на општинската веб страница“, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
Во оваа Стратегија е планирано формирање на Фонд за поддршка на претприемништво за имплементација на обуки, консултантство, менторирање, коучинг со цел спроведување на процес за градење на капцитетите на малдите лица за започнување на сопствени бизниси во рамките на старт апи за млади.
Спроведување на јавна и транспарентна постапка-процедура која вклучува постапка за избор на организација или компанија (партнер организација- имплемнтирачка организација) во рамките на објавен „Јавен повик“ како и избор и вклучување на млади невработени лица од Општина Струмица кои пројавуваат интерес за вклучување во процесот заради градење на сопствените капцитети во насока на започнување/стартување на свои сопствени бизниси во рамките на нови старт апи!