Со пораката “Разбирање и прифаќање е се што сакаме” , Центарот за поддршка на децата со аутизам го одбележа 2 април- Меѓународниот ден на лицата со аутизам. Во основното училиште  „Ванчо Прќе“ се организираше активност во која учествуваа ученици од паралелките за деца со попречености и ученици од редовната настава.

Како што нагласи Борче Петревски дефектолог во ООУ „Ванчо Прќе“, целта на ова дружење е да се помогне во надминување на стереотипите и социјализацијата кај децата со потешкотии при развојот.

  • Денес преку активност на тема „Да засадиме во сино“, центарот за подршка на учењето, го одбележа 2 април- Меѓународен ден на лицата со аутизам. Учество на оваа активност зедоа ученици од посебните оделениа, ученици од редовна настава од второ и четврто одделение од нашето училиште. Целта на ова дружење е да се помогне на децата со аутизам да се дружат со своите врсници, да се помогне на нивна социјализација и надминување на стереотипите кои постојат кај лицата со потешкотии со развојот, истакна Петровски.

Додаде дека активноста се реализираше во училишниот двор каде дечињата засадија цвеќиња во форма на срце.

  • Учениците во училишниот двор сите заедно упативме порака за подигање на јавната свест кон лицата со потешкотии во развојот, а со тоа децата засадија цвеќиња во форма на срце. Разбираање и прифаќање е се што сакаме и  да и бидеме постојана подршка, рече Петровски.

Тој нагласи дека поддршка добиле и од локалната самоуправа на Штип, која доделила вредносни ваучери на Центарот за поддршка на децата со аутизам.