Во текот на денешниот ден се работи на поставување на заштитна ограда долж коритото на реката Отиња во населбата Ново Село, а како што најави градоначалникот Иван Јорданов во наредниот период ваква ограда ќе биде поставена на уште три локации со што практично ќе се заокружи целиот тек на реката, од ЈП Исар до вливот во река Брегалница.

  • Друга локација на која ќе се поставува заштитна ограда е на улицата Маршал Тито, веднаш наспроти просториите на ЈП Исар, потоа во населбата Сењак и над административната зграда на Макеоднија Пат. Со ова комплетно се заокружува целото корито се до вливот во река Брегалница и на другите критични точки во градот, истакна Јорданов.

Нешто помалку од 2 милиони денари од парите на граѓаните односно од Буџетот на Општина Штип ќе бидат искористени за оваа намена, потврди градоначалникот Јорданов.

Инаку иницијативата за поставување ваква ограда пред повеќе од две години дојде од  членовите на Здружението на слепи лица на град Штип, чиј претседател Драги Витанов уште тогаш го потенцираше значењето на ваквата ограда за безбедноста на слепите лица во градот.