Викендов започна со асфалтирање паркинг површината на улицата “Браќа Даневи” која во текот на наредните неколку дена ќе биде осветлена и обележана, што според зборовите на градоначалникот Иван Јорданов ќе значи и целосно пуштање во употреба на истата за жителите на околните станбени објекти.

  • Се врши асфалтирање на една паркинг површина која беше неуредена, ја исчистивме и се надевам дека жителите од станбените згради ќе ја користат за паркирање со оглед на тоа што следните денови ќе се обележи просторот за паркирање и ќе се осветли целосно, нагласи градоначалникот Јорданов.

Вкупната инвестиција која општината ја вложува во оваа паркинг површина е во вредност од 1 милион и 200 илјади денари од Буџетот на Општина Штип, потврди градоначалникот Јорданов.

Во увид на градежните активности заедно со градоначалникот на Општина Штип беше и поранешниот градоначалник на град Скопје, Коце Трајановски кој со штипскиот градоначалник споделија искуства и разменија мислења за насоката во која треба да се развива градот во иднина.