ЈП “Стипион” започна со реконструкција на улицата “Милојкова” во населбата Ново Село,  која според градоначалникот Иван Јорданов треба да биде финализирана во наредните две недели, а истата ќе овозможи побезбедно движење на жителите и минувачите.

  • Повеќе десетици години наназад оваа улица не била соодветно третирана, има доста семејства и фреквенција и можеби не е видлива за останатите сограѓани но одлучивме согласно програмата на ЈП “Стипион” да се опфати оваа улица, да биде истретирана соодветно со павер елементи, а одредени делови и со потпорни ѕидови за да има поголема безбедност за жителите и минувачите, нагласи Јорданов.

Согласно програмата за одржување на ЈП “Стипион”, како и програмата за уредување на градежно земјиште од Општина Штип, Јорданов додаде дека во наредниот период и во другите делови од градот ќе се реконтруираат вакви улици,  кои можеби не се видливи за граѓаните но се од интерес за жителите кои гравитираат на истите.

Нешто повеќе од половина милион денари ќе бидат потрошени за третирање на улицата “Милојкова”, на која како што вели Јорданов повеќе од триесет години нема ништо променето.