Општина Штип во соработка со општествено одговорни компании започна со реконструкција на веќе постоечки но нефункционален објект кој ќе се преадаптира во спортска сала за потребите на жителите од населбата Караорман, истакна на денешната средба со новинарите градоначалникот Иван Јорданов.
Станува збор за руиниран објект кој своевремено бил предвиден да се користи меѓу другото и како спортска сала, но како таков никогаш не профункционирал, додава Јорданов.
- На потреба и барање на жителите, одлучивме да го адаптираме овој простор во соработка со општествено одговорни компании. Веќе се работи на поставување на нова кровна конструкција, во наредните денови и месеци ќе се работи и на поставување соодветна подлога, на уредување и адаптирање на внатрешноста на салата и на тој начин да овозможиме жителите да имаат услови да спортуваат и рекреираат во овој објект, вели Јорданов.
Како што истакнува се очекува во текот на наредните месец до два салата да биде ставена во функција а по завршување на сите градежни активности ќе биде познато и колку вкупно средства ќе ја чини адаптацијата на овој објект, општината.