Општина Делчево објави јавна набавка за изработка на техничка документација за изградба на три кружни крстосници во градот

Општина Делчево објави јавна набавка на услуги „Изработка на техничка  документација за изградба на кружни крстосници преку проектот-Подобрување на сообраќајните услови и безбедноста во сообраќајот преку изградба на кружни крстосници во Делчево.

За реализација на набавката се обезбедени парични средства во вкупен износ од 1.995.480,00 денари од склучен Грант за изработка на техничка документација  преку Фондот за техничка документација кој е воспоставен со поддршка на Проектот на УНДП (United Nations Development Programme) „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка (Сида) и Бирото за регионален развој.

За проектирање се предвидени следниве крстосници:

-Првата крстосница е класична четирикрака крстосница регулирана со хоризонтрална и вертикална сигнализација помеѓу ул. „Индустриска“ (R2343), ул. „Македонска“ и Булевар Македонија (А3).

-Втората крстосница е асиметрична сложена крстосница помеѓу ул. „Методи Митевски Брицо“ и Булевар Македонија (A3) на која сообраќајот е регулиран со семафори и со хоризонтална и вертикална сигнализација.

-Третата крстосница е класична четирикрака крстосница регулирана со хоризонтална и вертикална сигнализација помеѓу ул.„Скопска“, ул. „Методи Митевски Брицо“ и Булевар Македонија (А3).

Како критериум за избор на најповолна понуда ќе се користи економски најповолната понуда врз основа на: најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот .

Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 12.02.2024 година во 9:00 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација Општина Делчево со седиште на ул. ,,Светозар Марковиќ,, бр.1 во Делчево, сала за состаноци.