Изградба на старечки дом еден од приоритетите на Трета форумска сесија во Делчево

Се одржа третата форумска сесија за креирање на Буџетот за наредната 2024 година на која активно учествуваа претставници од месните и урбаните заедници, од граѓанскиот сектор и институции.

Согласно со гласањето според изработената предлог-листа на приоритети од претходните две сесии на која се најдоа 51 приоритетен проект и 18 препораки,  изградбата на старечки дом во Делчево е прв приоритет за граѓаните на Делчево за реализацијата. Според освоените бодови, се селектираше и листа од 10 приоритетни проекти:

–       Изградба на старечки дом;

–       Изградба на кружни текови во Делчево;

–       Изгработка на техничка документација на нов објект-куќа на културата за „Копачката“, Локалниот музеј на Делчево и библиотеката;

–       Пристапност со лифтови за ученици со инвалидитет во сите училиште;

–       Изградба на тротоар и осветлување од потегот на бензиската пумпа „Дади-компани“ до новиот градски пазар;

–       Реконструкција на системите за греење во сите училишта;

–       Тампонирање на патот за с. Косово Дабје;

–       Асфалтирање пат до маалата во с. Вратиславци;

–       Изградба на игралиште со реквизити за деца до 7 години;

–       Стипендии на ученици и студенти со телесен инвалидитет.

Инаку, сите предложени 51 проект ќе бидат земени предвид и нивната реализација не зависи од ранг-листата туку од техничката изводливост и финансиските капацитети на Општината.

Со одржувањето на третата форумска сесија заврши форумскиот процес за креирање на буџетот за 2024 година на Општина Делчево во кој активно учествуваа граѓаните.

Целта на организација на форумите е граѓанско учество во процесот на донесување на одлуки, во случајот, приоритетните проекти за реализација за наредната година, а Општина Делчево почитувајќи го гласот и мислењето на граѓаните и анализирајќи ги предложените приоритети ќе ги предвиди за реализација.

Форумите се во организација на Регионалниот центар за застапување и Општина Делчево.