Електрични возила кои се движат до 25 километри на час во пешачките зони за превоз на стари лица, лица со попреченост, но и за сите други граѓани кои имаат ограничено движење, се очекува да почнат да возат низ Струмица. Овие возила се познати под името кавалер, со години се дел од бесплатните услуги за граѓаните во некои од словенечките градови, вклучително и главниот град, Љубљана.
-Струмички кавалер се воведува по пример на Љубљана, адаптирани за превоз во пешачка зона, ќе излегуваат во пресрет на пред се стари и изнемоштени сограѓани кои сакаат да се прошетаат низ паркот, плоштадот, пешачките зони во Струмица. Наша морална обврска е да мислиме на сите граѓани, да овозможиме секој да ја ужива преубавата Струмица. Имаме општествено одговорни компании кои со силна соработка со мене како градоначалник ја прават Струмица уште поубаво место за живеење, кажа градоначалникот Костадин Костадинов.
Возниот парк на Љубљанскиот кавалир се состои од четири возила, од кои две отворени и две застаклени и загреани во зима. Возачите на Кавалир ги возат патниците каде било во пешачката зона во центарот на градот. Возилата можат да превезуваат пет патници.
Двата отворени „летни кавалири“ а активни во топлиот дел од годината, од април до крајот на октомври, додека застаклениот „зимски кавалир“ работи во текот на целата година.
Љубљана е добро позната како град кој постигна голем напредок во еколошкиот превоз. Во текот на последните десет години, тој освои две награди за Европската недела на мобилност (доделени од Европската комисија), едната во 2003 година, а другата во 2013 година.